СиТ Македонија нуди консултација во областа на IT, испорака и интеграција на IT решенија, како и прилагоден развој. Со нас, добивате повеќе услуги од само еден извор. Нашите услуги вклучуваат анализа, концептуален дизајн, консалтинг, набавка, инсталација и интеграција, како и пост продажни услуги.
Ви нудиме широк спектар на услуги за вашиот бизнис како развој и употреба на софтвер, систем за менаџирање на човечки ресурси и софтвер за евиденција на работно време. Исто така го опфаќаме и полето на бизнис интелигенција. Апликациите и технологиите поврзани со бизнис интелигенција можат да им помогнат на компаниите да носат поинформирани одлуки и им носат конкурентска предност.
Од голема важност за многу компании е да имаат сигурно и непрекинато работење на IT системите. СиТ Македонија е еден од ретките даватели на услуги кој има широка мрежа на сервисни центри и сервисери. Ова ни овозможува да ви обезбедиме сигурна поддршка 24/7.
СиТ консултира, планира и креира индивидуално прилагодени решенија специфични за клиентите, кои произлегуваат од технологиите и продуктите на водечките светски производители на хардвер и софтвер. Во секоја земја, СиТ тимот не е обучен за потребите само на локалната ситуација, туку е подготвен да се прилагоди на меѓународната експертиза и барања во 30 држави кои активно го поддржуваат и промовираат знаењето. Ова обезбедува ниво на резервна поддршка кое локалните компании не можат да го обезбедат.