Сè зависи од вистинскиот хардвер

Групата СиТ е најголемиот партнер за HP со специјализации во Централна и Источна Европа, со докажани вештини во значителен број комплексни проекти.

Заедничката цел на СиТ и HP е да им обезбедиме на нашите клиенти најдобри решенија за одговарање на нивните потреби и да понудиме сеопфатна поддршка за нивните деловни процеси.

Сè што ѝ е потребно на вашата IT инфраструктура

Партнерството помеѓу HPI и групата СиТ има многу силни корени засновани врз повеќе од една деценија блиски деловни односи и успешна соработка. Ние ви нудиме компјутери и печатари кои се најдобри производи за потребите на IT инфраструктурата. Благодарение на нашето искуство во сервисирање на компјутерски системи, мрежи, уреди за складирање и периферни уреди, ние сме авторизиран сервисен центар.