Носете деловни одлуки со повеќе информации

Користењето на бизнис интелигенција во една компанија може да помогне да се носат бизнис одлуки подкрепени со повеќе информации и да се даде конкурентска предност на компанијата. На пример, една компанија може да користи апликации и технологии од бизнис интелигенцијата за да ги екстраполира информациите од индикаторите во надворешното окружување и да ги предвиди идните трендови во нивниот сектор. Бизнис интелигенција се користи за да се подобри навременоста и квалитетот на информациите и да им овозможи на менаџерите подобро да ја разберат позицијата на нивната компанија во однос на конкуренцијата.

Подобрена оперативна ефикасност

Со бизнис интелигенција една компанија може да почне да го разбира тоа што го знае. Организациите кои сакаат да ја зголемат конкурентноста, да ги оптимизираат бизнис процесите, да го поедностават пристапот до информации, пребарувања и анализа и над сè, да ја реализираат трансформацијата на суровите информации во значајни податоци, можат многу побрзо да го сторат тоа со користење на бизнис интелигенција.