Развој на софтвер во чекор со времето

Ние во СиT Македонија имаме висок степен на развојно искуство и извонредни референци во мапирањето на сложени бизнис процеси. Затоа, меѓу многу други услуги што ги обезбедуваме, ние сме партнер во областа на развој на софтвер, обезбедувајќи силна поддршка за имплементација и агилни решенија за нашите клиенти.

Управување со деловни услуги

Управување со деловните услуги (BSM) е цел за бизнисите и ветување од потенцијалните даватели на услуги. Добар BSM план ги надминува стандардите на типичниот IT менаџмент; тој ги поврзува целите и на IT и на бизнисите. Платформата за деловни услуги е основата за ефикасни BSM решенија. Со усвојување на ваква платформа, целиот бизнис користи алатки кои ги следат, пријавуваат и управуваат со деловните услуги. 

Покрај тоа, целокупната стратегија вклучува моќно складиште за податоци за мапирање на врски како основа на робусна и разноврсна база на податоци за управување со конфигурацијата меѓу платформата (CMDB). Ултимативно, BSM ќе обезбеди следење во реално време на квалитетот и статусот на деловните услуги.

Управување со системи

Брзите промени на пазарот ги принудуваат компаниите брзо да ги прилагодуваат своите бизнис модели. Со зголемените барања на пазарот доаѓаат и зголемените потреби за информатичка технологија, што го прави управувањето на системите значително поважно.

СиТ вработува експерти, вешти во обезбедувањето на целата деловна, техничка и стручна поддршка во сеопфатните услуги за управување со IT системот што ви требаат. Управувањето на IT системите може да се подели во шест области, кои лесно можат да се интегрираат во постоечкото управување на систем:

  • Решенија за управување со безбедноста 
  • Управување со деловна апликација
  • Управување со desktop
  • Управување со складирање 
  • Сервисна служба
  • Управување со IT услуги

ERP

Системите за планирање на ресурси на претпријатија (ERP) ги интегрираат сите податоци и процеси на една организација во унифициран систем. Идеално, ERP испорачува единствена база на податоци што ги содржи сите податоци за софтверските модули, што би вклучувало:

  • Производство 
  • Менаџмент на снабдување 
  • Финансии  
  • Проекти
  • Човечки ресурси 
  • Управување со односите на клиентите 
  • Складиште за податоци

Управување со документи 

Управувањето со информации е клучно за успехот на вашиот бизнис. Потребата од ефикасно управување со документацијата се протега низ целата компанија. Вообичаени документи на еден таков систем за управување со податоци се:

  • Metadata
  • Integration
  • Capture
  • Indexing
  • Storage
  • Retrieval
  • Distribution
  • Security
  • Workflow
  • Collaboration
  • Versioning

Современото управување со содржини на претпријатијата (ECM) може да се справи со „силос“ структурата на информации од различни оддели и структури и може да управува со различни типови на содржина во стандардизирано складиште низ целата компанија. Тука, принципот „треба да се знае“ може да се примени на сите вработени поединечно и во безбедно окружување.

Интеграција на апликации

Во денешното компетитивно и динамично бизнис окружување, апликациите како што се менаџмент на снабдување (SCM), управување со односи на клиенти (CRM), бизнис интелигенција и интегрирана соработка, станаа неопходни за организациите кои сакаат да ја одржат својата конкурентска предност. Enterprise Application Integration (EAI) е процес на поврзување на сите овие апликации со цел препознавање на финансиската и оперативната конкурентска предност.

Придобивки од EAI:

  • Интегрирани апликации со користење на заедничка инфраструктура за максимум ефикасност
  • Ги адресира вашите интеграциски потреби - без разлика каде сте, во спектар или континуитет на интеграцијата - од едноставна поврзаност па сè до целосно интегрирано претпријатие
  • Ги подобрува услугите и бизнис флексибилноста преку брзо прилагодување на промените во интеграцијата
  • Подобро позиционирање на вашата компанија за поврзувања и превземања
  • Оптимизирање на договорите со партнерите и клиентите преку единствен преглед на податоците
  • Лесно се додаваат нови апликации и системи без да се прекинат постоечките бизнис процеси 

Архивирање

Нашите решенија за архивирање се насочени да им помогнат на клиентите да ги исполнат законските барања и критериуми за усогласеност, како и да ги подобрат оперативноста и ефикасноста на трошоците.

Оттука, СиТ обезбедува архивски пристап ориентиран на податоци, проток на работа и апликации, користејќи ги најдобрите технологии и вендори.

Нашите области на експертиза за архивирање опфаќаат:

  • Планирање на ресурси на претпријатија, складирање на податоци и бизнис интелигенција 
  • Управување со содржината, документите и записите на претпријатието
  • Email и пораки
  • Управување со целокупниот процес