Консалтинг. Интеграција. Аутсорсинг.

Од почетокот на основањето во 1994 година, СиТ Македонија е водечки снабдувач на IT консалтинг, IT решенија и IT услуги во Македонија. Без разлика на која индустрија припаѓа вашата компанија, СиТ ги разбира вашите клиенти и предизвиците со кои се соочувате. Интегрираме целосни IT решенија што ги исполнуваат техничките, оперативните и финансиските цели на нашите клиенти.

Вредностите врз кои се заснова СиТ Македонија се: клиентите на прво место, интегритет и работа надвор од границите. Овие вредности се ветување за квалитетот на услугите кои ги нудиме и посветеноста во исполнувањето на краткорочни и долгорочни цели.

Позадина на групацијата СиТ 

Седиштето на СиТ се наоѓа во Виена. Компанијата котира на Виенската берза од 2003та година. СиТ  има подружници во 30 земји со околу 6.000 вработени ширум светот.

Со водечка експертиза во индустријата и извонредно знаење за технологијата обезбедено од околу 4.000 инженери, СиТ ги поддржува клиентите и деловните партнери во успешното спроведување на проекти за дигитализација и индустриска трансформација засновани на иновативен асортиман на производи. СиТ е единствен извор на широк спектар на услуги: од развој и производство на производи, па сѐ до имплементација и работење.

Компанијата инвестира околу 3% од годишните плати во програми за обука и доедукација, за да ја подигне компетентноста и професионалноста на своите вработени што ќе донесе до зајакнување на квалитетот на своите услуги.

СиТ Кариера

Како брзорастечка меѓународна технолошка групација, СиТ е постојано во потрага по луѓе со исклучителен талент и вештини кои сакаат да направат разлика. S&T е компанија со утврдена позиција на пазарот, каде што ќе ги развивате своите компетенции и ќе се стекнете со нови вештини во пријателска атмосфера.

СиТ постојано ги поддржува своите вработени во реализација на нивните идеи, креативност и функција, во развојот на своите вештини и во остварувањето на кариерните цели во земјата и во странство.

Претставништво во Македонија

СиТ Македонија
Анкарска 31, 1000 Скопје, Репубика Македонија

Phone: + 389 (0) 2 3065 396
+ 389 (0) 2 3065 664
Fax: + 389 (0) 2 3065 397
+ 389 (0) 2 3065 674
Email: info@snt.mk