СиТ Кариера

Како мултинационален и мултикултурален снабдувач на комплетни IT стратегии, бизнис процеси и системи, СиТ ги поврзува истокот и западот на високо квалификувано и високо технолошко ниво. Но, и покрај целата технологија, најважниот дел од приказната сепак го играат луѓето. Свесни сме дека секој успех на еден бизнис се базира на вработените и придонесот на секој вработен индивидуално.

Нашите главни карактеристики како работодавач

Нашиот главен пристап е локално да ги поврземе луѓето со нашиот пазар. Исто така се фокусираме на експертиза во одредени индустрии од областа на консултанството, која им ја обезбедува потребната мобилност на луѓето за учество во предизвикувачки интернационални проекти. Ова би значело дека можете да имате менаџерска кариера во вашата земја, без да треба периодично да се селите. Но, исто така можете и да работите во други земји во рамките на вашата функција или да се преселите на други локации.

Зошто е добро да работите во СиТ?

- Професионален раст 

- Атрактивни пакети за компензација 

- Благосостојба на вработените 

- 25 години стабилност на пазарот